Почетна

Решението на проблемот со „токсична облека“ е производство на еколошка (органска) облека, изработена со употреба на органски памук одгледуван и растен со примена на одредени процедури во процесот на одгледување.

Еколошката (органска) облека изработена од органски памук придонесува за заштита на луѓето и околината. Нејзината изработка се состои од чисти и сурови материјали кои се особено корисни за нашата кожа. Обработката на органскиот памук вклучува низа на традиционални процеси, без употреба на пестициди.

Органскиот памук се собира рачно и се обелува со употреба на сол или други природни состојки, без употреба на хемиски супстанции. Со овие материјали вашата кожа дише, материјалите се пријатни на допир и во текот на летото создаваат пријатно ладно чувство додека во текот на зимата, чувството е пријатно и топло…

Истовремено, целосната произведствена процедура е еколошка, односно одгледувањето и преработката на суровините не ја загадуваат почвата и водата со штетни хемикалии (на пример, тешки метали, пестициди и сл.). Во текот на процесот на согорување и деградација на овие материјали не се испуштаат токсични супстанции во воздухот (тие се биоразградливи ткаенини). Со тоа се поттикнува економијата на земјите во развој, без притоа да се стави во опасност животот на луѓето кои учествуваат во процесот на одгледување на истите. (Според статистиката на Светската Здравствена Организација, секоја година околу 2000 луѓе се вклучени во процесот на одгледување на оваа индустриска култура).

Овие материјали ги имаат следните карактеристики:

  • придонесуваат нашата кожа да полесно да „дише“,
  • не предизвикуваат никакви иритации и алергии,
  • штитат од габи и радиоактивно зрачење,
  • се прилагодуваат според телесната температура на човечкото тело, одржувајќи топло пријатно чувство во текот на зимата и ладно пријатно чувство во текот на летото,
  • ја апсорбираат потта,
  • од естетска гледна точка се помеки, затоа што не се изложени на „хлорирање“,
  • придонесуваат за намалување на потрошувачката на вода, затоа што не се изложени на „хлорирање“; oва значи дека не се губат дополнителни стотици кубни метри вода, со цел да се исплакнат,
  • при процесите на „боење“ и “белење“ се употребуваат еколошки (органски) бои кои не содржат тешки метали како „формалдехид“ (formaldehyde) и „азоколорант“ (azocolourants) како и при процесот на „пред-белење“ не се користи хлор,
  • тие не ги губат природните ресурси од својот состав, што всушност се практикува во случаите на конвенционална облека која во својот состав содржи суровини од пластика, како во случајот на полиестерот,
  • во процесот на производство на додатоци како патенти, копчиња и други додатоци, се користат рециклирачки материјали, вклучувајќи ги алуминиумот, дрвото, лушпите, додека се избегнуваат кадмиумот и/или никелот,
  • материјали кои се користат за производство на еколошка (органска) облека се памук, бамбус, коноп, лен и волна
  • нивното производство се врши во согласност со општествените критериуми и вклучуваат трошоци кои се базираат на колективните договори на Министерството за труд и социјална безбедност.

Нашата компанија е сертифицирана од страна на Швајцарската група „IMO“ и ги следи релевантните процедури во производството кои ги налагаат „GOTS“ стандардите.

Sertificate

Sertificate

Sertificate