Производствени капацитети

Погонот располага со магацински простор.

Уредот за сечење се состои од 3 банга за кроење, како и автоматски производствен систем од брендот „Investronica“ кој произведува околу 4000-5000 парчиња облека дневно.

Одделот за шиење брои над 100 машини од различни видови (обреловки, специјалки, обични, копчарки и рингличарки, трукс, пико и тн.)

Овој оддел дневно произведува од 3000 до 4000 парчиња облека. Почетната контрола на квалитет се спроведува во одделот за контрола веднаш по кроењето на парчињата кои се уште не се пратени во погонот за шиење.

Одделот за пеглање и пакување се состои од 24 индивидуални пегли на пареа кои можат да произведат од 3000 до 4000 парчиња облека на ден.

Втората проверка на квалитет се спроведува од страна на експерти пред процесот на пеглање, а по процесот на пеглање следи финалната проверка на квалитет по која облеката се пакува во соодветни кутии/пакувања.

Процесот на пакување опфаќа од 3000 до 4000 парчиња облека на ден.