За нас

Нашата компанија се занимава со производство на трикотажа и брои долгогодишно работно искуство во оваа индустрија притоа нејзиното главно седиште е во Валандово, Македонија.

05 - Copy-2

Нашите производствени капацитети за модна трикотажа се едни од најдобро опремените во Грција, (Hellas Cotton SA, www.hellascotton.gr) со над 50 плетачки машини кои може да ги произведат речиси сите квалитети на ткаенини како „Single“, „Interlock“, „Rib“, „Sweat“ и „ Jacquard“. Покрај ова, двете техники на боење и печатење на ткаенини се едни од нашите главни техники на обработка.

Во текот на раководењето на нашите сопствени производствени капацитети кои бројат околу 150 вработени, станавме експерти за производство на различни видови на текстил за нашите клиенти низ Европа. (WWF Hellas, WWF Switzerland, LANA, GREENPEACE GREECE, HESS NATUR – еден од најголемите производители на еколошка (органска) облека во преработувачката индустрија во Германија – итн.).

Што придонесува за да се издвоиме од „толпата“?

Во текот на изминатите 5 години произведувавме облека која вклучуваше одредени контролирани процедури за обработка на органски памук. Ние сме сертифицирана компанија која денес е една од ретките производствени индустрии во Грција кои имаат добиено „GOTS“ акредитација. (Глобални стандарди за органски текстил). Истовремено се стекнавме и со „GOTS“ акредитација во двете техники на боење и печатење на ткаенини кои исто така се дел од производствениот процес. Во последните неколку години сме посветени на нашата главна цел како компанија за инвестирање во производство на еколошки (органски) материјали и еколошка (органска) облека. Нашата компанија во континуитет се информира од страна на Швајцарската компанија за сертифицирање „ΙΜΟ, за секој постигнатиот напредок во однос на покревање на иницијативи за нови еколошки прашања/иницијативи.