Почетна

Решението на проблемот со „токсична облека“ е производство на еколошка (органска) облека, изработена со употреба на органски памук одгледуван и растен со примена на одредени процедури во процесот на одгледување. Еколошката (органска) облека изработена од органски памук придонесува за заштита на луѓето и околината. Нејзината изработка се состои од чисти и сурови материјали кои се особено корисни за нашата кожа. Обработката на органскиот памук вклучува низа на традиционални процеси, без употреба на пестициди. Органскиот памук се собира рачно и се обелува со употреба на сол или други природни состојки, без употреба на хемиски супстанции. Со овие материјали вашата кожа дише, материјалите се пријатни на допир и во текот на летото создаваат пријатно ладно чуство додека во текот на зимата, чуството е пријатно и топло… прочитај повеќе